Цената на дизелот од полноќ се намалува за два денари, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цената на дизелот од полноќ се намалува за два денари, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според оваа одлука, новата цена на дизелот ќе биде 95 денари за литар. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 84,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 по цена од 87 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 93,5 денари за литар. Непроменета останува и цената на мазутот, односно тој ќе се продава по цена од 51,473 денари/килограм.

Со оваа, најнова одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 проценти во однос на одлуката од 12 септември.

Share This Article