Регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените на горивата. Цените на бензиите се зголемуваат за 1 денар, додека дизелот и маслото за домаќинства поскапуваат за о,5 денари по литар.
Така од полноќ бензинот „еуросупер- 95“ ќе се продава по цена од 81 денари по литар, а „еуросупер-98“ ќе има цена од 83 денари по литар.
Дизелот од полноќ ќе чини 74 денари по литар, а маслото за домаќинства ќе се продава по 73 денари.
Новата цена на мазутот ќе изнесува 44,5 денари по килограм.