Цената на бакарот се искачи на своето највисоко ниво досега, продолжувајќи го повеќемесечниот раст. Фјучерсите на Лондонската берза за метали скокнаа за повеќе од 4% денеска на почетокот на тргувањето и достигна 11.500 долари за тон. Подоцна, цената фјучерсите за следните 3 месеци падна на 10.668 долари, а до крајот на годината 10.713 долари за тон.
Инвеститорите, трговците и директорите во рударството со години предупредуваат дека светот се соочува со критичен недостиг на бакар во услови на зголемена побарувачка во зелените индустрии – од електрични возила до инфраструктура за обновлива енергија.
Цените се зголемија за повеќе од една четвртина од почетокот на годината, што доведе до вкупните добивки за главните индустриски метали.