Во минатото сервисирањето на тековните субвенции кон нашите земјоделци беше мисловна именка, денеска тоа е реалност. За изминативе 6 месеци од кога е формирана Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исплатени се над 4,3 милијарди денари (69,9 мииони евра) кон македонските земјоделци, изјави министерот за земјоделство Цеветан Трипуновски на денешната прес конференција.
За да се исплатат заостанатите долгови кон земјоделците, рече Трипуновски, Владата со ребалансот обезбеди повеќе од 1,250 милијарди денари.
-Работевме напорно, изминатите 6 месеци и ги исплативме сите заостанати обврски од претходните години во висина од над 2,5 милијарди денари (45,5 милиони евра). Повеќе од 294 милиони денари се исплатени на 4.533 производители за кравјо, овчо и козјо млеко се исплатени субвенциите за првите 6 месеци од тековната 2024 година. Околу 83 милиони денари кон 10.727 македонски земјоделци е исплатена мерката 1.4 Директни плаќања за обработлива земјоделска површина. Повеќе од 392 милиони денари кон 23.626 земјоделци за мерката 1.1 – рече Цветановски.
Тој додаде дека повеќе од 233 милиони денари денари се исплатени на 9.172 земјоделци за мерката за употреба на сертифициран семенски материјал.
-Околу 118 милиони денари кон 8.729 овоштари, 146 милиони денари кон 13.412 лозарите за одржување на лозовите насади, Околу 417 милиони денари кон 8.680 македонски земјоделци за сточарско производство од Програмата за 2024 година и за останати мерки – рече тој.
Трипуновски информира и дека изминатите два дена се исплатени над 1,7 милијарда денари кон 78.000 македонски земјоделци за тековната 2024 година.
– Бројките и делата говорат дека не пишуваме политички флоскули, ниту пак кажуваме лажни ветувања, напротив нашиот збор и нашето ветување кон земјоделците денеска е реалност. Секој еден граѓанин кој што решил да се занимава со земјоделство заслужува навремена и тековна исплата на финансиската поддршка. Земјоделците овој пат имаат вистински партнер во Владата и во Министерството каде што заедно ќе креираме нови мерки за наредната 2025 година, нови политики со цел да го вратиме македонското земјоделство на пиедесталот во нашата држава – рече Трипуновски.