More

    ЦЕЛОСНО ИСПЛАТЕНО УЧЕНИЧКИТЕ И СТУДЕНТСКИТЕ СТИПЕНДИИ

    spot_img

    Општина Охрид целосно ги исплати стипендиите за учениците и студентите предвидени во рамки на програмите за основно и средно образование Н1 и Н2 и програмата за социјална и здравствена заштита Т1. На вкупно 177 ученици во основното образование им се исплатени стипендии во износ од 3.186.000,00 денари, на 112 ученици од средното образование им се исплатени вкупно 2.016.000,00 денари а на 31 студент им се исплатени вкупно 837.000,00 денари. На 40 ученици во основното и средното образование и 4 студенти, лица со посебни потреби и ретки болести им се исплатени стипендии во вкупен износ од 828.000,00 денари.

    Оваа година за првпат воведуваме и нова мерка за поддршка на талентираните ученици и нивните ментори. Општина Охрид покрај стипендиите кои ги доделува за учениците од општинските основни и средни училишта и традиционалното доделување на награди за постигнати успеси по повод 24 ти мај денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј„ ќе додели и парични награди за учениците од основните и средните училишта во општина Охрид и нивните ментори кои постигнале успеси на државни и меѓународни натпревари на натпреварите во знаење по наставните предмети.

    Воведена е и парична награда за првенецот на генерацијата избран од страна на наставничкиот совет на училиштето. За таа цел е донесен правилник во кој точно се утврдени критериумите, начинот и постапката за доделување на наградите кои дополнително го вреднуваат успехот на учениците. Постапката ќе се спроведе во текот на месец јуни во соработка со општинските основни и средни училишта.

    Учениците кои постигнуваат успеси се нашиот фокус и секогаш ќе ја имаат нашата поддршка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img