More

    Цели семејства се сместени во соби во кои собира само еден кревет!

    spot_img

    Под улиците на Пекинг има засолништа кои биле изградени за време на Студената војна, а во кои денес живеат луѓе.

    Во доцните 1960 и раните 1970, во исчекување на дождот од нуклеарни бомби како резултат на Студената војна, претседателот Мао Цетунг наредил изградба на згради со засолништа во сите градови низ земјата кои би можеле да издржат експлозија на нуклеарна бомба. Во следниот период само во Пекинг се изградени околу 10.000 бункери.

    Но, кога Кина се отвори кон надворешниот свет во доцните 1980-ти, Министерството за одбрана на Пекинг ја искористи можноста да ги изнајми бункери и да ги претвори овие поранешни скривалишта во мали станбени единици. Денес, како што паѓа ноќта, повеќе од милион луѓе, главно печалбари и студенти од руралните области, влегуваат во скриениот подземен универзум.

    Фасциниран од овој феномен, фотографот Антонио Фачилонго отпатувал во Пекинг во декември 2015 година за да го документира. Иако бункерите не е тешко да се најдат, ги има насекаде низ градот, влегувањето во нив било многу потешко.

    Се чинеше дека каде и да отиде, секогаш го сретнуваше чувар или општински закон кој им забрануваше на странците да влегуваат во поранешните нуклеарни засолништа. Обесхрабрен, тој упати официјална жалба до локалната власт, која беше одбиена. Фачилонго, сепак, успеал да се прикраде додека еден од чуварите бил на пауза за ручек.

    Но, откако успеал да влезе, многу жители се посомневале во него и, во некои случаи, се срамеле да бидат фотографирани.

    – Запознав околу 150 луѓе и само 50 ми дадоа дозвола да ги фотографирам – рече тој. И додаде дека некои од нив се исплашени, бидејќи на своите семејства им кажале дека имаат добра работа и живеат во пристојни станови. Условите за живот во бункерите се тешки.

    Иако беа изградени со комплетни електрични, водоводни и канализациони системи кои можеа да им служат на луѓето неколку месеци одеднаш во случај на војна или нуклеарна катастрофа, воздухот внатре бил застарен и загаден поради недостаток на соодветна вентилација. А тука е и проблемот со пренатрупаните и нехигиенските кујни и бањи, кои жителите ги делат.

    Иако локалниот закон бара минималниот простор за живеење по станар да биде четири квадратни метри, оваа регулатива често се игнорира. На една од фотографиите на Фачилонго може да се види четиригодишната Џинг Џинг, која живее со баба ѝ, татко ѝ и брат ѝ во толку мала соба што во неа може да се смести само кревет. Нивниот дом се наоѓа веднаш до голема површина која се користи како паркинг за мотоцикли.

    – Ова е едно од најсиромашните места каде што сум бил – вели Фачилонго.

    За да се справи со небрежноста на сопственикот и безбедносните ризици, градската влада во Пекинг ја забрани употребата на нуклеарни засолништа и други капацитети за складирање за станбени цели во 2010 година. Но, обидите за преселување на луѓето досега беа неуспешни. Главната причина е што жителите немаат каде да одат.

    Во текот на изминатите неколку децении, цените на домовите во Пекинг вртоглаво пораснаа. Еден квадратен метар станбен простор во просек чини 5.014 евра, што го прави еден од најскапите градови во светот за живеење. Од друга страна, милиони луѓе мигрираа од руралните области во главниот град во потрага по подобри можности. Но, Хукоу – застарениот систем за регистрација на семејството – ги поврзува социјалните придобивки на поединецот со нивното место на потекло.

    Нуклеарните бункери претставуваат една од ретките опции на располагање на работниците од внатрешноста. Фачилонго вели дека помала единица може да чини околу 34 евра годишно, додека поголемите соби во студентските домови за до 10 лица чинат околу 17 евра.

    Многу од жителите се млади луѓе кои веруваат дека подземните живеалишта се само преодна фаза во нивниот живот додека не добијат финансиски средства да си дозволат соба со прозорци и сончева светлина.

    Во последните години е забележан уште еден феномен, организации кои ги празнат засолништата и ги претвораат во центри на заедницата. Фачиолонго пронашол простори претворени во трпезарии, сала за билијард, караоке, па дури и академија за калиграфија.

    Овие центри им даваат можност на жителите кои живеат во бетонската џунгла во Пекинг да комуницираат со другите општествени класи кои инаку се прилично ригидни и наметнати. Или, според зборовите на Фачилонго: Бункерите станаа обединувачка сила во општеството, каде што „и сиромашните и богатите“ наоѓаат дом.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img