Жителите на Куба останаа без струја поради оштетување на електричната мрежа предизвикана од ураганот Иан. Две лица го загубија животот во налетот на невремето, а ураганот продолжи да се движи кон Флорида во САД, објави Би-Би-Си.
Земјата е „без услуга за електрична енергија“, објави кубанската државна електроенергетска компанија „Унион Електрика“ на Твитер.
Шефот на кубанската електрична компанија објави на државната телевизија дека прекинот на електричната енергија е поради дефект на националниот електроенергетски систем. Официјалните лица велат дека електроенергетскиот систем доживеа тотален колапс бидејќи една од главните електрани не можеше повторно да се приклучи на мрежата.
Две лица загинаа во ураганот, десетици илјади беа евакуирани, а бројни згради беа оштетени ширум земјата. Ијан направи најголема штета во западниот дел на островот.
Жителите на Хавана ја минаа ноќта на улиците, шетајќи во целосен мрак, осветлени само од фаровите на автомобилите што минуваат. Само мал број луѓе имале струја со помош на агрегати во земјата од 11,2 милиони жители.
Ураган од трета категорија со ветрови до 125 милји на час сега се движи кон Флорида.