More

    Цела Европа учи англиски, само Балканот друг јазик. Погодете кој!

    spot_img

    Duolingo објави извештај за актуелните трендови во светот кога станува збор за учење странски јазик, како и мапа која ги илустрира.

    Во различни бои покажува кој странски јазик во кои земји најмногу се изучува, а еден поглед е веројатно доволен за да се претпостави дека зеленото го претставува англискиот јазик. Меѓутоа, кога ќе ја „зумирате“ Европа, ќе видите дека Балканот е обоен во – портокалово.

    Со портокалова боја се означени земјите во кои минатата година најмногу учеле германски јазик. Објаснувањето лесно се препознава во податоците дека повеќето луѓе од нашиот регион мигрираат во Германија и Австрија, а јазикот е предуслов за секого.

    Главната причина за заминување во повеќето случаи била подобрата работа, односно поголема заработка… Наскоро ќе биде полесно да се добие германско државјанство, додека Виена, главниот град на Австрија, е прогласена за најдобар град за живеење во 2022 година.

    Што се однесува до остатокот од светот, покрај англискиот, шпанскиот и францускиот се најзастапени, а посебно внимание е насочено кон корејскиот, како јазик кој станува се попопуларен. Сепак, Дуолинго наведува дека најголемиот тренд во 2022 година бил глобалниот пораст на бројот на луѓе кои го учат украинскиот јазик.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img