More

    Цел туристички ресорт во јужна Италија, во кој имало околу илјада туристи, денеска е евакуиран поради сериозен шумски пожар

    spot_img

    Цел туристички ресорт во јужна Италија, во кој имало околу илјада туристи, денеска е евакуиран поради сериозен шумски пожар, пренесе ДПА.

    Гостите и персоналот биле одведени на безбедно од комплексот Баја Сан Феличе во близина на малиот град Виесте на брегот на Јадранското Море бидејќи пламените јазици опасно се доближиле.

    Локалните власти соопштија дека силниот ветер го насочил огнот кон одморалиштето. Туристите биле сместени во два други туристички објекти во близина и во локална училишна гимназија. Многу од нив се деца.

    Огнената стихија ја гаснеле неколку противпожарни единици. Биле користени и авиони, но засега без голем успех.

    Температурите во јужна Италија повеќе денови се над 30 степени Целзиусови, а дожд речиси воопшто не заврнал во последните недели.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img