Царинска управа: Запленети стари монети со вредност од околу 2.350.000 денари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 22.07.2023 година, околу 17:00 часот на Меѓународниот Аеродром во Скопје на излез од државата, царинските службеници селектирале за контрола багаж на патник – македонски државјанин кој патувал за САД. Во багажот на патникот се забележани сомнителни предмети и при извршениот детален преглед, помеѓу личните работи на патникот пронајдени се стари монети со различно потекло и старост, со проценета нумизматичка вредност од 2.359.000 денари.

Монетите се привремено задржани, а против лицето е поведена прекршочна постапка во надлежното јавно обвинителство.

Share This Article