More

    Царината добива корејска помош во контролата на поштенските пратки

    spot_img

    Зајакнување на контролите на поштенските пратки преку користење на вештачка интелигенција која ќе користи база на податоци за селекција на сомнителни пратки е еден од приоритетите на Царинската управа, со цел поголеми приходи во Буџетот и поголема безбедност на пратките.

    Директорот Стефан Богоев оствари посета на царинската испостава на најголемиот аеродром во Република Кореја, „Меѓународен аеродром Инчеoн“ при што беа разменети искуства во делот на царинење на поштенските пратки. За време на посетата беше презентиран терминалот за царинење на поштенски пратки на аеродромот, контролниот центар од каде се набљудува скенирањето на пратки испратени преку брзите пошти, како и на АПИС центарот за контрола на патници преку користење вештачка интелигенција и анализа на ризик.

    – Царинските органи се првата линија во борбата со недозволената трговија, организираниот криминал и шверцот. Еден од најголемите предизвици во моментов е поголема контрола на поштенските пратки. Во овој дел, од големо значење е соработката со меѓународните институции и размената на искуства со цел сузбивање на организираниот криминал и шверцот, како и остварување поголеми приходи во Буџетот – истакна Богоев.

    Посетата на „Меѓународниот аеродром Инчеoн“ се реализира како дел од дводневната работна посета на Царинската служба на Република Кореја во Сеул, а во рамки на проектот за кој неодамна беше потпишан Меморандум за соработка со корејска Царина, со кој македонската Царина доби 4,8 милиони долари за развој и имплементација на систем за управување со ризици и податочен склад.

    Во рамки на посетата беа потпишани нови Меморандуми со кои Царинската управа како лидер во регионот добива пристап до нов фонд до 10 милиони долари за проекти за развој и унапредување на царинското работење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img