More

    Трухин можел да пропее за тајните вакцини и серуми во Никарагва

    spot_img

    Виктор Трухин (59), главен лекар на рускиот претседател Владимир Путин, бил уапсен од Федералната служба за безбедност ФСБ при „обид да избега од земјата“ во Никарагва преку Белорусија. Се верува дека Трухин ги познава сите медицински тајни на шефот на Кремљ.

    Дејли мејл пишува дека Трухин, кој беше во првите редови на истражување и развој на вакцини, серуми и „бактериски препарати“ во Русија, исчезнал пред шест дена, кога бил отпуштен од Федералната агенција за медицинска биологија (ФМБА) под обвинение дека извршил „проневера“.

    Каналот „Cheka-OGPU“ на Телеграм објавил дека агенти на контраразузнавачката служба на Путин го фатиле Трухин додека се обидувал да побегне во Белорусија.

    Трухин 11 години беше директор на Истражувачкиот институт за вакцини и серуми од Санкт Петербург, родниот град на претседателот на Русија.

    „Тој се обиде да ја напушти Руската Федерација и да замине во Белорусија, а беше уапсен од службеници на руската ФСБ, кои очигледно знаеле дека директорот… планира да патува во странство“, се наведува во објавата.

    Во написот на Телеграм се вели дека против Трухин е покрената кривична постапка кога „стана јасно дека тој има намера да ја напушти Руската Федерација и дека може да каже многу интересни работи за руските вакцини и серуми“.

    Според информациите од Телеграм, кај Трухино бил пронајден никарагвански пасош.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img