More

    Трудова ќе ги „чешла“ вработувањата во Македонска навигација

    spot_img

    Тројца инспектори од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) денеска влегоа во М-НАВ и почнаа со инспекцискиот надзор. Инспекторите со надзорот ќе продолжат и утре, бидејќи станува збор за голема и обемна документација, вели директорката на ДИТ, Весна Томовска.

    Томовска рече дека ќе ја разгледуваат документацијата околу вработувањата, како и тоа дали синдикатот има најави за штрајк согласно Законот.

    – Во делот на вработувањето, дали се реализирани согласно Закон, огласот исто дали е согласно со Закон. Значи во моментов тие две работи ќе се проверуваат, ќе се проверуваат последните вработувања, потоа дали синдикатот има најава за штрајк и дали тоа се е во согласно со законот – вели Томовска.

    Таа додаде дека најверојатно почетни информации за еден ваков надзор ќе има за повеќе од една недела, бидејќи инспекторите мора да ја разгледаат обемната документација, а потоа ќе разговораат и со синдикалниот лидер.

    – Значи мора да ја разгледаме целокупната документација – вели Томовска.

    Инспекторите на ДИТ во М-НАВ влегоа по настаните во оваа институција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img