More

    Трошоците за живот се зголемиле за 2,6% во однос на лани

    spot_img

    Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците за живот во септември 2024 година во однос на септември 2023 година, бележи зголемување од 2,6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,3%, соопшти Државниот завод за статистика.

    На месечно ниво инфлацијата во септември во однос на август годинава изнесува 0,3%, додека цените на мало во истиот период се намалени за 0,7%. Во август инфлацијата изнесувала 2,2%.

    Според Статистика, зголемувањето на инфлацијата во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 1,7 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1,1%, комуникации за 0,9%, разновидни стоки и услуги за 0,5%, образование за 0,3% и здравје за 0,1%.

    Во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 5,3%, рекреација и култура за 1,8 %, ресторани и хотели за 0,4%, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2%.

    Трошоците на животот во групата облека и обувки остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img