Трошоците на живот лани во однос на 2022 година биле зголемени за 9,4%, а цените на мало за 7%, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во декември, трошоците на живот се зголемени за 0,2% во споредба со ноември, а цените на мало за еден процент.
Пораст на индексите е забележан во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 13,6%, ресторани и хотели за 12,7%, храна и безалкохолни пијалаци за 11,7%, разновидни стоки и услуги за 11,6%, домување, вода, електрика, гас и други горива за 10,4%, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 8%…
Намалувањето има кај свежото и разладеното овошје, рибата и морските плодови, течните горива за домаќинствата, услугите за сместување, парамедицинските услуги, растенијата и цвеќињата, малите електрични апарати за домаќинствата, големите електрични апарати за домаќинствата, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства,….
Кај цените на мало, пораст на индексите е забележан во сите групи: „индустриско-прехранбени производи“ за 12,5%, „пијалаци“ за 9,7%, „земјоделски производи“ за 8,5%, „услуги“ за 6% и „индустриско-непрехранбени производи и тутун“ за 5,3%.
Во споредба со декември 2022 година, трошоците на живот се зголемени за 3,6%, а цените на мало за 3,7%.