More

    Трошела пари од добротворната организација на спа и цигари

    spot_img

    Топмоделот Наоми Кемпбел доби забрана да ја претставува хуманитарната организација чиешто заштитно лице беше таа, а во траење од пет години поради финансиски малверзации.

    Оваа одлука беше донесена откако надзорниот орган на организацијата откри докази за финансиски малверзации. Имено комисијата за добротворни цели покажа дека добротворната организација „Fashion For Relief“ не поседувала онолку пари колку што заработувала од модните настани, а коишто биле организирани во добротворни цели, пишува „Гардијан“.

    Таа организација потрошила десетици илјади евра на луксузни хотелски соби, спа третмани, цигари, и лично обезбедување на манекенката, а манекенката исто така неовластено им плаќала илјадници евра на своите колешки – манекенки.

    Надзорниот орган на организацијата успеал да изврши поврат на околу 420.00 евра и ги уплатил на сметка на организацијата „Спасете ги децата“ (Save the Children).

    Бјанка Хелмих, колешката на Кемпбел, на којашто за две години ѝ биле исплатени околу 350.000 евра, доби забрана за претставување на хуманитарната организација од девет години, додека Вероника Чоу доби забрана од четири години.

    „Од поверениците законски се бара да носат одлуки коишто се во најдобар интерес за нивната добротворна организација и да се придржуваат до своите законски обврски и одговорности. Нашата истрага утврди дека поверениците на оваа добротворна организација тоа не го направиле“, изјави Тим Хопкинс, помошникот на директорот на Комисијата за добротворни цели.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img