Тројца возрасни и едно дете, кое е во тешка состојба, се ранети во пукотница што се случила ноќеска во близина на ресторан во североисточниот дел на Лондон, објави Би-Би-Си.
Полицијата примила повик од улицата Кингсленд во Далстон околу 21.20 часот откако таму биле испукани истрели.
– На местото на пукањето дојдоа полицајци, меѓу кои и специјалисти за огнено оружје, како и лондонската Брза помош – соопшти полицијата на британската престолнина.
Се вели дека 4 лица се здобиле со прострелни рани и се пренесени во болница во источен Лондон.
Се наведува дека засега никој не е уапсен и дека сѐ уште се утврдуваат околностите на инцидентот.