Тројца службеници противправно задржале мигрант од Турција

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тројца полициски службеници, идентификувани како Г.М., Ќ.Р. и Г.П., се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување, откако противправно му го ограничиле движењето на турскиот државјанин А.Д. и го задржале во Прифатниот центар за странци „Гази Баба“.

Против нив е поднесена кривична пријава од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Според информациите, инцидентот се случил во периодот од 12 септември до 31 октомври 2024 година. Турскиот државјанин А.Д. влегол нелегално во државата на 8 септември и набргу потоа бил задржан во „Гази Баба“ заедно со група мигранти од Ирак. Иако останатите мигранти биле преместени во Транзитниот центар „Табановце“ по давањето исказ пред обвинител, А.Д. бил вратен во Прифатниот центар под изговор дека ќе се спроведе прекршочна постапка, која, според истрагата, никогаш не започнала.

„Ваквото однесување е недозволиво и претставува директно кршење на законските прописи и етичките стандарди на полициската служба. Презедовме итни мерки за утврдување на одговорноста на осомничените службеници и нивно отстранување од работното место додека трае дисциплинската постапка“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Осомничените службеници, покрај прекршувањето на законите, ненавремено презеле дејствија за утврдување на идентитетот на мигрантот, и покрај тоа што тој имал валидна национална лична карта. За нивните постапки, Одделот за внатрешна контрола ќе предложи дисциплинска постапка и суспензија до завршување на истрагата.

Share This Article