Тројца руски дипломати неодамна се прогласени за персона нон-грата, односно ќе бидат протерани од Македонија поради кршење на дипломатскиот код поради нивна сомнителна активности

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тројца руски дипломати неодамна се прогласени за персона нон-грата, односно ќе бидат протерани од Македонија поради кршење на дипломатскиот код поради нивна сомнителна активности, објави порталот Алмакос, повикувајќи се на извори во Министерството за надворешни работи (МНР).

Имињата на протераните Руси пишуваат од редакцијата на Алмакос, се политичките советници И.Хропјачков, А.Рождевсдвенски, како и аташето С.Попов, кој според изворите на Алмакос извршиле несоодветни дипломатски дејствија.

Од информациите добиени од надлежните органи, овие лица вршеле дејствија што се спротивни на Виенската конвенција за дипломатски односи и во следните 5 дена ќе треба да ја напуштат територијата на Македонија.

Алмакос дознава и дека други специјализирани безбедносни органи го протерале свештеникот на Руската црква В.Змеј.

Share This Article