Тројца рудари се затрупани во рудник за поташа (мешавина од калиумови соли) на северот на Шпанија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Тројца рудари се затрупани во рудник за поташа (мешавина од калиумови соли) на северот на Шпанија, соопштија денеска локалните власти.

Тројцата работеле во рудникот Кабанас де Сурија, на околу 80 километри од Барселона.

Каталонската полиција соопшти дека тлото во рудникот се урнало и дека во тек е спасувачка операција.

Пожарникарите објавија на Твитер дека уривањето се случило на длабочина од околу 900 метри.

Со рудникот стопанисува компанијата Иберпоташ, а е во сопственост на групацијата ICL од Тел Авив.

Share This Article