Во саботата вечерта на Ада Хуја под Панчевачкиот мост во Белград се превртел чамец во кој имало четворица мажи.
Едниот успеал да исплива и бил пренесен во болница, додека за другите тројца започнала потрагата. Потрагата по нив се уште е во тек.
Началникот на Полициската станица за безбедност на реките за РТС изјави дека во потрагата се вклучени повеќе служби.
Тој откри дека е пронајден еден појас за спасување, но се уште се проверува дали има врска со исчезнатите.
Според медиумите, исчезнатите мажи се во доцните триесетти години.