More

    Тројца бугарски државјани се осомничени дека работеле како шпиони за Русија во Велика Британија, тие се уапсени и изречен им е притвор

    spot_img

    Тројца бугарски државјани се осомничени дека работеле како шпиони за Русија во Велика Британија, поради што се уапсени и обвинети во голема истрага за националната безбедност, објави „Би-Би-Си“.

    Обвинетите беа приведени во февруари и оттогаш им е одреден притвор. Наведено е дека тие работеле за руските безбедносни служби.

    Имињата на осомничените се Орлин Русев, 45, од Грејт Јармут, Норфолк, Бизер Џамбазов, 41, од Хароу, северозападен Лондон и Катрин Иванова, 31, од истата адреса на Хароу.

    Тие поседувале лажни лични документи меѓу кои пасоши, лични карти и други документи за Велика Британија, Бугарија, Франција, Италија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Грција и Чешка.

    Осомничените со години живееле во Велика Британија, работеле на различни работни места и живееле на различни места во Англија.

    Русев има историја на деловни зделки во Русија. Тој се преселил во Велика Британија во 2009 година и поминал три години работејќи како техничар во финансиски услуги.

    За Џамбазов се знае дека бил возач за болници, додека Иванова се опишува себеси на нејзиниот онлајн профил на „Линкдин“ како лабораториски асистент за приватен здравствен бизнис.

    На тројцата обвинети се очекува да им се суди во Лондон во јануари. Тие се уште не се изјасниле за виновни по обвиненијата.

    Според бугарските државни документи на интернет, тие работеле и за изборните комисии во Лондон кои го олеснуваат гласањето на бугарските избори за граѓаните кои живеат во странство.

    Полициската единица за борба против тероризмот вели дека посветува сè повеќе време на истрагата за сомнителни државни закани и шпионажа, особено поврзани со Русија. Загриженоста во оваа област е резултат на случаите од висок профил во последниве години поврзани со руските разузнавачки операции во Велика Британија.

    Британските служби велат дека Руската служба за безбедност има напревено бројни атентати во територијата на Велика Британија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img