More

    Трогателни зборови на Шенон Доерти во последното интервју

    spot_img

    Шенон Доерти, актерката најпозната по улогите во сериите „Беверли Хилс 90210“ и „Волшебнички“, почина во саботата на 53-годишна возраст.

    Познатата „Бренда“ од култната серија „Беверли Хилс “која на многумина им го одбележа детството, девет години се бореше со ракот на дојка, а последните неколку месеци таа објави дека ракот се вратил, метастазирал и е во четвртиот стадиум.

    Смртта на Шенон Доерти е потврдена од нејзиниот портпарол, а колегите, пријателите и обожавателите се збогуваат со пораки кои ја истакнуваат нејзината сила и влијание врз сите кои се борат со подмолната болест.

    За многумина, Шенон беше светла точка во темнината на тешка дијагноза. Ги објавуваше своите искуства, зборуваше за сè низ што поминувала, а оптимизмот никогаш не ја напушти.

    „Мислам дека би се исплашила до смрт ако не бев добра личност. Но, јас сум. И не се плашам од смртта затоа што знам каде одам. Знам кого ќе видам таму. Не се плашам од смртта, едноставно не сакам да умрам – никогаш“, изјави Шенон во интервјуто за магазинот „Пипл“, четири дена пред Денот на благодарноста.

    „Дефинитивно сакам да го запрам процесот на стареење. Но, сè уште не сум завршила. Не завршив со живеењето, не завршив со љубоивеам своите најубави спомени. Луѓето не знаат многу за ракот, претпоставувам дека тоа значи дека човек не може да оди, да јаде, да работи. Ве оставаат настрана иако имате малку години. Ве тераат да се пензионирате. Готови сте. А ние тоа не сме. Ние имаме енергија, само имаме и поинаков поглед на сè. Ние сме многу благодарни за секоја секунда, секој час, за секој ден во кој ни се пружа можност да бидеме тука“, изјавила Шенон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img