More

    Трогателна исповед на херојот од Градачац кој низ солзи раскажа за тројното убиство

    spot_img

    Емир Џиновиќ, пријател и деловен партнер на тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ, во видео интервју за Дневни аваз откри што напишал под коментарите на снименото убиство во живо и како дошол да го земе бебето.

    Тој тврди дека не го поддржувал убиецот и дека неговите пораки не биле пораки за поддршка и биле извадени од контекст. „Бујрум, брат“, тоа е негова фраза која ја употребувал насекаде и вели дека пораките оделе толку брзо што се изгубил контекстот на неговите пораки.

    – Работев со него. Јас сум семеен човек. Имам две деца. Не го оправдувам тоа што се случи, дури и животните не го прават ова. Се срамам што некогаш сум го познавал тој човек. Се чувствувам измамено, јас немам зборови за тоа што го направи. Се знаеме цел живот, заедно го поминавме детството, средното училиште. Тој подоцна тргна по својот пат, јас по својот – рече Џиновиќ.

    – Немој брат, те молам, што ти е“, му ги испратив тие пораки, но имаше многу други пораки меѓу нив и смислата се изгуби. Никогаш нема да поддржам насилство – додаде тој.

    Потоа раскажа како отишол да го земе бебето.

    – Прво ме разбуди татко ми и рече дека нешто се случило. Станав, видов повик од Нермин. Ми рече да вклучам Инстаграм. Отидов на Инстаграм. Тоа што го направи беше животински чин. Кога го заврши во живо, ми се јави и ме праша – ќе ми го земеш детето? Се согласив, му реков да не му прави ништо на детето. Ми рече да дојдам за половина час или детето ќе умре, детето се лекува во турска болница, не примило терапија и секоја секунда е важна – раскажува Џиновиќ низ солзи.

    Тој вели дека со татко му отишол во полициска станица, а потоа со полиција на локацијата што го испратил Сулејмановиќ. Таму го зел бебето во раце и истрчал во шумата.

    – Кога стигнавме, ни се чинеше дека детето лежи неподвижно, потоа слушнавме звук. Ја зедов и истрчавме во шумата, јас и полицајците и чекавме автомобилот да дојде да не земе – изјави тренерот во теретаната, каде што често одел убиецот.

    Џиновиќ додава дека додека примал инфузија добил повторно повик од Нермин и бидејќи имал пријавено во полиција, убиецот му се заканил дека тој е следната мета и да се моли да не го сретне низ град бидејќи ќе биде убиен.

    Емир Џиновиќ претходно се огласи на Инстаграм пред погребот на Низама Хеќимановиќ, а во пораката побара прошка од убиената девојка.

    „Се обидов, дадов сѐ од себе, си го ризикував животот, но ангелчето беше спасено. Низама, мило ми е што те познавав, засекогаш ќе ја паметам твојата насмевка, твојот глас ќе ми одекнува во главата. Извини Низама, сите потфрливме. Алах да те однесе во џенет, жено, кралице“, напишал Џиновиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img