Трочлено семејство и двајца водичи трпеливо ги чекаат спасувачите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Операцијата за спасување на пет лица во Крижна јама во Словенија ќе почне утрово околу 9 часот, ако нивото на водата продолжи да опаѓа. Доколку сè оди според планот, затрупаните од Крижна јама ќе бидат спасени во попладневните часови.

Тричлено семејство и двајца водичи во саботата околу 8 часот тргнале на обиколка на пештерата, но поради покачувањето на нивото на водата, кое им го затворило патот до површината, не можеле да се вратат. Акцијата за спасување почна веќе во саботата попладне, а досега два тима нуркачи отишле кај луѓето и им обезбедиле сè што им е потребно.

Тие останаа заробени во пештерата, на околу 2,4 километри од влезот. Нивото на водата почна да опаѓа во неделата навечер, а се очекува конечната одлука на спасувачите да биде донесена денеска по проценка на состојбата.

Психофизичката состојба на заробените луѓе е многу добра и стабилна, а тие се соодветно снабдени со залихи на храна и пијалоци и со грејни тела.

Share This Article