Трите лица од Скопје, кои пред два дена влечеа коњ со автомобил по улиците, се соочуваат со парична казна од 150 до 3.000 евра, или пак со затворска казна до шест месеци.
Трите лица, кои се упасени откако беа објавени вознемирувачките слики со измачувањето на животното, се уапсени и се гонат за сторено кривично дело по чл. 233 од КЗ (мачење на животни), за што е предвидена казана до шест месеци затвор или парична казна од 150 до 3.000 евра, велат правници.
Уапсените С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје се товарат дека на 01. март 2023 околу 13:00 часот на ул. Коце Металец во Скопје измачувале коњ така што го влечеле врзан за браникот на автомобил.