Трипуновски тврди дека и во свежо македонско млеко имало афлатоксин

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски денеска откри  афера со увоз на небезбедно трајно мелко од Србија во кое се забележани повисоки нивоа на афлатоксин и информира дека  афлатоксин е пронајден и во свежо млеко од македонска млекарница. Тој побара брза реакција на АХВ и оставка на директорот Николче Бабовски.

Според него станува збор за 20 тони трајно млеко во кое е утврдено дека има афлатоксин. увезено е на  21 стептември годинава со трајност до 3 февруари 2024 година..

-Млекото е пуштено во промет иако во млекото е детектирано амфлатоксин М1 над максималното дозволено ниво. И со тоа истото е штетно за пиење и може да предизвика труење и други компликации по здравјето на граѓаните- вели Трипуновски.

Тој се повикува на резултатот од лабораторијата.

– Наодите покажуваат дека иако млекото содржи канцерогенци материи ги поминало сите контроли и како такво со штетни супстанци е дозволен влез во Република Македонија. Афлатоксините кои се пронајдени во млекото се познати во светот како најважни микотоксини во храната и добиточната храна поради нивната хепатотоксичност и канцерогеност- рече Трифуновски.

Тој праша – кој и зошто дозволил млекото во која е детектирано амфлатоксин М1 од Србија да биде пуштено во употреба, колкави количини на ова млеко завршило на рафтовите и дали АХВ има постапено по добиените наоди од тестирањето?

– Николче Бабовски е тотално промашување за АХВ. Наместо целосна контрола при увоз на храна, АХВ под раководство на Бабовски свесно пушта во употреба производи со канцерогени материи – рече Трифуновски.

Тој додаде дека поседува и информација деа во сурово млеко во една од поголемите млекарници во земјава е  детектирано повисоко ниво од дозволеното на афлатоксин М1 во млекото.

-АХВ и Бабовски да одговорат што е направено со таквото млеко и дали истото е веќе завршено на македонската трпеза како сурово млеко или е преработено во сирење, кој е препознатлив бренд на оваа млекара во Република Македонија?- рече Трифуновски.

- Advertisement -
Ad image

Тој апелираше граѓаните на максимална претпазливост а од Бабовски побара наместо да се брани со напад дека шириме лажни вести, веднаш да го расветли целиот случај и соодветно да реагира.

-Доколку не знае како, нека си поднесе оставка – рече Трипуновски.

Share This Article