Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ прави споредба на 2023 со 2016 година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонија има загуба од 8,2 милиони евра девизен прилив во 2023 година заради помалата извезена количина од 3,9 милиони литри вино во споредба со 2016 година, тврди дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Повикувајќи се на податоци на Државниот завод за статистика Трипуновски на својот профил на Фејсбук објавува споредба на извозот на флаширано вино и вкупното производство на вино во Македонија во 2016 во однос на 2023 година.

Стоп за манипулациите на СДСМ! Ова се вистинските факти за извозот и производството на вино:

– 3,9 милиони литри помалку извезени количини во 2023 во споредба со 2016 година.

– 8,2 милиони евра помал девизен прилив во 2023 поради намалените извезени количини споредено со 2016 (согласно просечната извозна цена за 2023 година од 2,09 €/л)

– 21,6 милиони литри помалку произведени количини на вино во 2022 во споредба со 2016 (Извор: ГЗИ 2022)“ – пишува Трипуновски.

Share This Article