Тринаесетгодишно девојче од германскиот град Лајпциг ја избоде до смрт својата седумгодишна сестра

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Тринаесетгодишно девојче од германскиот град Лајпциг ја избоде до смрт својата седумгодишна сестра.

Според локалните медиуми, полицијата добила повик синоќа, а се сомнева дека девојчето ја избодело својата помала сестра, која во болница им подлегнала на повредите.

Тринаесетгодишното девојче било пренесено во специјализирана болница, а полицијата не сакала да соопшти повеќе детали, пренесува „oe24.at“.

Германските медиуми нагласуваат дека се уште ништо не се знае за мотивот на страшната трагедија, но познато е дека родителите биле во друга соба и спиеле во моментот на грозоморниот настан.

Полицијата сподели само неколку детали за случајот, со оглед на тоа дека се работи за две малолетни девојчиња.

Тие изјавија дека ќе дадат поддршка на сите погодени од оваа трагедија, нагласувајќи дека ова е семејна трагедија. Тие исто така апелираа до јавноста да ја почитува приватноста на семејството додека трае истрагата.

Share This Article