„Триколорите“ во неволја, се зарази цела репрезентација

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европското фудбалско превенство што од денеска до 14 јули ќе се одржи во Германија, стартува со сериозен проблем, во неволја се најде селекцијата на Франција која е еден од главните фаворити за титулата.

Според француските медиуми, „триколорите“ се во проблеми поради вирусот кој со голема брзина се прошири низ тимот и ја заразил целата репрезентација.

Меѓу болните е и селекторот на Франција, Дидије Дешан, а одредени фудбалери имаат и посериозни проблеми.

Повеќето играчи имаат инфекции на горните дишни патишта, додека некои се борат со грчеви и главоболки. Најлошо помина Кингсли Коман.

 

Во однос на непредвидената ситуација во француската репрезентација се огласи Усман Дембеле, играчот на ПСЖ. Тој соопшти дека ситуацијата во тимот сега е подобра и рече дека постои можност токму тој да го донесол вирусот во тимот.

– Ми се чини дека ситуацијата е подобрена и дека сме во многу подобра состојба. Во вторникот имав висока температура. Можеби сѐ почна од мене. Сега е подобро, целата екипа е подобра, освен Коман, кој е во малку потешка ситуација – изјави Дембеле.

17.Европско фудбалско првенство почнува вечерва (21 часот) со дуелот меѓу  Германија и Шкотска во Минхен во групата А.  Селекцијата на Франција првиот натпревар ќе го одигра во понеделник во Дизелдорф против Австрија.

Share This Article