По неколку недели речиси пролетно време, последните неколку дена бевме сведоци на вистински зимски денови, со снег и температури под нулата. Кога надвор е толку студено, природно е да не ни е удобно во возилата, па принудени сме да ја загреваме кабината. За жал, загревањето на автомобилот понекогаш навистина може да потрае многу време.
За среќа, постои многу едноставен трик за загревање на вашиот автомобил.
Иако повеќето го палат автомобилот неколку минути пред да го исклучат и целосно ги вклучуваат греалките, постои уште поефикасен начин да го загреете вашето возило.
Ефикасен метод за загревање на автомобилот
Trusted Automotive Professionals (TAP) предложија нов и потенцијално побрз метод за загревање на автомобилот. Експертите на таа организација тврдат дека возачите секогаш треба да ја намалат температурата во кабината на најниско ниво и да ја исклучат вентилацијата на стартот.
Во објавата напишаа: „Кога ќе го стартувате автомобилот, со зголемување на топлината и вентилацијата, само ќе дувате ладен воздух во кабината, без никаква корист. Затоа, исклучете ја вентилацијата и по неколку минути возење, наместете ја климата на највисока можна температура и вклучете ја вентилацијата. Така најбрзо ќе ја загреете кабината. Можеби звучи необично, но така најдобро функционира системот за греење на автомобилот’.
Возачите кои имаат автоматска клима не треба да го следат овој совет бидејќи нивните автомобили автоматски ќе ја регулираат температурата, пишува DailyStar, пренесува Јутарњи лист.