More

    Трифуновиќ: „Ми се суди како да сум во Северна Кореја“

    spot_img

    Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ на вчерашното судење во сплитскиот суд не негираше дека напишал спорни објави за кои е осуден на 60 дена затвор.

    Објавите во Хрватска се протолкувани како навреди кон полицајците, а Трифуновиќ рече дека не се сеќава на нив, пишува „Слободна Далмација“.

    Повикувајќи се на објавите на Трифуновиќ објавени на Инстаграм, сплитскиот весник пишува дека судот неспорно утврдил дека српскиот актер тоа го направил од својот профил „Whistler Dick“.

    Трифуновиќ пред судот изјавил, пренесува овој медиум, дека е можно тој да го објавил, но додал дека на ниту една фотографија не постои полициски службеник на сплитското крајбрежје облечен во униформа со усташки симболи.

    „Дали е можно државјанин на Србија поради тоа да се најде на потерница во Хрватска? Тогаш секој од десет илјади заслужува потерница? Ме судат за вербален прекршок, за алузии и метафори и претпоставувам ова сепак не е Северна Кореја“, рече Трифуновиќ на суд.

    Откако ја напуштил судницата, тој на новинарите, додека ја чекал пресудата, изјавил дека станува збор за снимки со три фотографии од филмот „Дара из Јасеновац“, каде неговиот пријател Марко Јанкетиќ го игра командантот на логорот Јасеновац, Макс Лубуриќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img