Лидерот на партијата Има Таков народ, Слави Трифонов вели дека почетокот на собирањето потписи за одржување на референдумот за воведување претседателска република (претседателски систем) во земјата и тоа сега на крајот од функционирањето на сегашниот парламентарен состав, е целосна коинциденција.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев закажа нови парламентарни избори на 2 април, бидејќи земјата сѐ уште не може да состави влада.
– Ова е случајно и двата политички процеси немаат врска – уверува Трифонов, кој за првпат по речиси две години застана пред медиумите да го најави почетокот на својата нова иницијатива.
Доколку таков референдум се одржи, граѓаните ќе треба да одговорат дали сакаат претседатски систем во земјата или да остане сегашната парламентарна демократија.
Трифонов вели вели дека не се сретнал со претседателот Радев.
– Откако е претседател, се видов можеби еднаш. Не сме имале никакви дискусии за нашата идеја за референдум. Тоа е наша долгогодишна идеја кое произлегува од нашето сфаќање на мнозински избори. Радев не знае за оваа наша цел, нема никаков ангажман, тој го води претседателството, ние го правиме она што ќе одлучиме дека е правилно – додаде Трифонов.
фото: БГНЕС