Триесетина џипови дојдоа од грчката страна на преминот Маркова Нога-Герман во Преспа и побараа тој да биде отворен

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Триесетина џипови за офроуд возење дојдоа од грчката страна на преминот Маркова Нога-Герман во Преспа и симболично побараа тој да биде отворен, пишува СДК. Преминот е затворен 55 години, а неговото повторно заживувањe беше споменато со потпишувањето на Преспанскиот договор.

„Преку 30 џипови се собраа и дојдоа до самата граница со желба дека во иднина кога ќе се отвори преминот ќе напоравиме оф роуд низ цела Преспа, низ трите држави кои го делат ова природно богатство. Целта беше да се стимулираат и политичарите да се забрза процедурата околу отворањето на преминот“, рекоа учесниците на јубилејната петта по ред оф роуд тура низ грчкиот дел на Преспа, насловена  „Патување по стапките на мечката и историјата“.

Преспанци се жалат дека најблиското село Роби на грчка страна им е на два километра, а за да стигнат дотаму треба да минат 150 километри, односно да вратат одоколу преку другиот премин Меџитлија.

Share This Article