Триесет и осумгодишен жител на струшкото село Луково бил пронајден мртов во близина на деловен објект во селото, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, случајот во полиција бил пријавен вчера во 6 часот и 25 минути.
– Во близина на деловен објект во струшкото село Луково бил пронајден починат В.Ј.(38) од истото село. Увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош од Струга – изјави портаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.