More

    Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина синоќа при породување во кумановската општа болница

    spot_img

    Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина синоќа при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска надлежните институции. Новороденчето со екипа од кумановската болница е префрлено на ургентен центар на детската клиника. Како што информираа од болницата веднаш биле повикани обвинител и истражна екипа. Обдукцискиот наод треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка.

    Таа во болницата била примена завчера.

    – Вчера се случи еден трагичен настан, при породување на 31-годишна возраст, родилка ненадејно почина. Родилката е примена завчера, со прснат водењак, со почнато породување, со слаби контракции и е почекано да се добијат спонтани контракции по природен пат за да продолжи породувањето. Чекано е до вчера и вчера е почнато со стимулација. Кога е почнато со стимулацијата нагло е настанат престанок на срцева работа, немерлив притисок, викнат е анестезиолог за реанимација. При обидот за реанимација не е добиена срцева акција и крвен притисок и веднаш е внесена во салата за операции, за да се извади плодот. Бебето е извадено живо и е итно однесено во ургентниот центар на Детската клиника во Скопје, проследено целиот пат од нашиот неонатолог кој бил дежурен – изјави директорот на кумановската општа болница Стефан Трајановски.

    Раководителот на акушерското одделение го известил директорот, кој по информативниот разговор со дежурната екипа веднаш повикал обвинител кој пристигнал до истражна екипа.

    – Детално е извршен увид, земени се изјави од сите што биле во контакт со родилката. Додека траело породувањето имало двајца дежурни лекари, дежурна анестезиолошка екипа, а во актот на вадењето на бебето стигнал и раководителот на одделот. Бебето е живо – рече Трајановски.

    Тој повтори дека Обвинителството повело истрага и обдукцискиот наод ќе ги покаже причините за смртта на родилката. Доколку има лекарска грешка, Трајановски најави и професионална одговорност.

    – Поведена е од страна на Обвинителството истрага, бидејќи е ова ненадејна смрт со неутврдена причина. Покрената е истрага, ќе има обдукцискиот наод и ќе биде утврдено точно како и зошто е настаната оваа случка. Кога ќе ги добијам наодите, ќе има и професионална одговорност, ако биде утврдена лекарска грешка, од наши професионални организации. Ова ѝ е второ породување, првото минало без компликации, детенцето е живо и здраво. Со втората бременост можам да споделам дека било откриено гестациски дијабет – изјави Трајановски.

    Од СВР Куманово претходно информираа дека кај нив случајот за починатата 31-годишна родилка го пријавил директорот на болницата во 21. 35 часот Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

    Обвинителство од Куманово  ја обезбедило целокупна медицинска документација за водењето на бременоста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img