Три земјотреси се почувствувани во различни делови од земјава по полноќ, од кои најсилниот со јачина од 3,2 степени ја погоди околината на Гевгелија, информира Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).
Првиот е со јачина од 3,2 степени, со епицентар на 16 километри од Гевгелија, а го почувствувале и жителите на Дојран. Неколку минути подоцна во истиот регион е почувствуван уште еден земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала.
Десетина минути подoцна, земјотрес е почувствуван и на северниот дел од државата, со јачина од 2,5 степени и епицентар кај граничниот премин „Блаце“ на македонско-косовската граница.
Потресот кој беше пропратен со звук е почувствуван во Скопје и околината.