Три возила се судриле, а комбе со скопски регистарски таблички е превртено пред превојот Стража, јави Макфакс.
Од МВР информираат дека едно лице е пренесено и во болница, а екипа со јавен обвинител излегла на терен.
– Се случи сообраќајна несреќа во која учествувале три товарни моторни возила (комбиња): ‘ивеко’, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Р. Б. од Прилеп, ‘фиат’, со скопски ознаки, што го управувал 39-годишниот скопјанец Ц. М., и ‘пежо’, исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот скопјанец И. А. Во несреќата телесни повреди добил возачот на ‘пежото’, И. А., кој бил пренесен во гостиварската Општа болница ‘Ферид Мурад’ за укажување лекарска помош – соопшти МВР.
Од несреќата на патот се создала голема колона возила, која била расчистена откако возилата биле тргнати.