Лабораториските анализи на крвта можат да покажат многу, вели магистерот за нутриционизам Никола Талан.
Со адекватно толкување на резултатите, тие можат да ни откријат, покрај моменталната состојба на организмот и некои ризици од развој на хронични заболувања.
Дополнително, тие им даваат на нутриционистите увид во микронутритивниот статус на поединецот.
Едноставно кажано, тие ни даваат увид во тоа дали имате или немате нутритивни дефицити, вели Талан.
Тој посочува дека анализата на крвните биомаркери е најпрецизниот тест што можеме да го направиме, но проблемот е што се користи само за идентификација на болеста, а не и за превенција.
Дополнителен проблем е тоа што на рутински систематски преглед не се користат сите тестови.
Како што истакнува, постојат три најважни крвни тестови кои секој треба да ги направи за да добие детален увид во своето кардиоваскуларно здравје и да ги идентификува потенцијалните проблеми.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.