Панкреасот е жлезда која се наоѓа веднаш под желудникот и е важна затоа што произведува ензими кои помагаат да се одржи здраво варење и хормони кои го регулираат начинот на кој нашето тело го обработува шеќерот, т.е. гликозата.
Според клиниката Мејо, најчест проблем кој се јавува со здравјето на панкреасот е воспаление на панкреасот или панкреатитис.
Симптомите на панкреатитис може да варираат од личност до личност, а трите најчести предупредувачки знаци го вклучуваат следново:
болка во горниот дел на желудникот
Висока температура
гадење.
Како што објаснуваат лекарите, ова се и најраните знаци кои можат да укажат дека нешто не е во ред со здравјето на нашиот панкреас, односно дека се работи за воспаление.
Други знаци кои исто така може да укажуваат на проблеми со панкреасот се нагло губење на апетит, губење на тежината, течна столица, но тие се јавуваат многу поретко, пишува Индекс.