Три популарни пијалоци кои се одлични за здравјето на цревата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Како што наближува летото, многумина од нас бараат начини да постигнат порамен стомак и да го подобрат целокупното здравје. Еден ефикасен пристап е да се фокусираме на здравјето на цревата, кое игра клучна улога во варењето, метаболизмот и намалувањето на надуеноста. Постои значајна врска помеѓу здравјето на цревата и управувањето со тежината; кога цревниот микробиом е избалансиран со корисни бактерии, може да го подобри варењето, да го зајакне метаболизмот и да ги поддржи природните механизми за регулирање на тежината.

Затоа докторката д-р Рејчел Лоу открила три пијалоци кои се одлични за здравјето на цревата, а придонесуваат за слабеење и одржување на здрава тежина.

1. Комбуха

Комбухата е ферментиран чај полн со пробиотици, корисни бактерии кои придонесуваат за здрав цревен микробиом. „Урамнотежениот микробиом на цревата го помага дигестивниот процес, го намалува воспалението и обезбедува подобра апсорпција на хранливите материи, а сето тоа води до порамен стомак“, вели докторот за SheFinds.

Пробиотиците во комбухата одржуваат рамнотежа помеѓу корисни и штетни бактерии во желудникот, кои се важни за ефикасно варење и спречување на надуеност. Покрај тоа, комбухата содржи оцетна киселина и полифеноли за кои е докажано дека го забрзуваат метаболизмот и ја намалуваат акумулацијата на телесните масти.

„Пробиотиците во комбухата обезбедуваат правилен баланс на корисни и штетни бактерии во желудникот, што е неопходно за ефикасно варење и спречување на надуеност“, додава д-р Лоу.

2. Чај од ѓумбир

Чајот од ѓумбир е познат по своите антиинфламаторни својства и способност да го поддржува здравото варење. „За ублажување на стомачните проблеми или забрзување на метаболизмот, ова е вистинскиот пијалок“, советува д-р Лоу.

Ѓумбирот ги стимулира дигестивните ензими, поефикасно ја разградува храната и го спречува таложењето на надуеност. Исто така, има термогени својства, што значи дека може малку да ја зголеми телесната топлина и стапката на метаболизмот, што го олеснува губењето на тежината. „Ѓумбирот ги стимулира дигестивните ензими поефикасно да ја разградуваат храната за да спречи надуеност“, објаснува докторот.

- Advertisement -
Ad image

3. Зелен чај

Зелениот чај е богат со антиоксиданси, особено катехини, кои го поттикнуваат метаболизмот и помагаат во согорувањето на салото на стомакот. Кофеинот во зелениот чај исто така може да помогне во согорувањето на дополнителни калории за време на вежбањето.

„Катехините од зелениот чај имаат антивоспалителни својства кои помагаат во здравјето на цревата, минимизирајќи го воспалението и поттикнувајќи го растот на добрите бактерии во цревата. Значи, редовното пиење зелен чај може да го подобри варењето и да ги намали мастите на стомакот“, заклучува д-р Лоу.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article