Основниот кривичен суд Скопје ја објави првостепената пресуда за предметот „Маџар Телеком“ против три лица, двајца Унгарци и еден Германец, на кои им се судеше во отсуство, бидејќи не се достапни за органите на прогон.
Тројцата обвинети се прогласени за виновни за кривичното дело несовесно работење во службата. Поранешните високи функционери во компанијата беа обвинети дека ги оштетиле буџетот и домашниот Телеком со склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарска консултантска куќа.
Секој од обвинетите А.И.С., Р.П. и З.К. доби по 8 години затворска казна. Воедно, обвинетите се задолжени да ја надоместат штетата во висина од 67.407.760 денари за Македонија, како и судските трошоци за постапката.