Три лица со огнено оружје денеска пукале кон американската амбасада во Бејрут при што е повреден припадник на обезбедувањето.
Либански портали пренесуваат дека еден од напаѓачите е убиен, друг е ранет, а во тек е потера по третиот. Ројтерс напиша дека застреланиот е сириски државјанин.
Либанската армија соопшти дека возвратила со оган кон напаѓачите и оти повредениот напаѓач, кој е од сириска националност, е пренесен во болница.
Локалните медиуми јавуваат дека пукањето траело околу половина час.
Американската амбасада соопшти дека никој од персоналот не бил повреден за време на нападот.