Три лица се водат како исчезнати по синоќешната експлозија што предизвика голем пожар во станбена населба на Шаменкамп во Ротердам

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Три лица се водат како исчезнати по синоќешната експлозија што предизвика голем пожар во станбена населба на Шаменкамп во Ротердам. Од Брзата помош потврдија дека едно лице е повредено. Пожарникарите и утрово се обидуваат да го изгаснат пожарот предизвикан од експлозијата во гаражата на зградата.

Портпаролот на локалната служба за безбедност изјави дека во зградата може да има повеќе жртви. Не успеале соодветно да го пребараат станбениот простор бидејќи пожарот се уште беснее. Не е ни познато дали имало некој во гаражата или во становите во моментот на експлозијата.

Жителите на 44 апартмани ноќевале во локални хотели, пишува NL Times.

Зградите во Зуидвајк се многу блиску една до друга, а меѓу нив има и голем број продавници што им отежнува на пожарникарите. Постои ризик од ширење на пожарот и на други делови од зградата.

Итните служби мора да ја исклучат цевката за гас на улицата, но досега тоа не им успеало.

Во истата улица има и магацин за огномет, но за среќа не бил зафатен од пожарот. Благодарение на интервенцијата на полицијата, пожарникарите и брзата помош, вработените ја дислоцираа содржината од магацинот  на безбедно.

Не е познато што ја предизвикало експлозијата.

Share This Article