More

    Три лица се убиени, а неколку се ранети во оружениот инцидент во Невада во Лас Вегас

    spot_img

    Вооружениот напаѓач во масовното пукање во средата во студентскиот кампус на Универзитетот во Невада во Лас Вегас, во кое тројца загинаа, а четвртиот беше ранет, е 67-годишен универзитетски професор поврзан со колеџи во Џорџија и Северна Каролина, изјави за Си-Ен-Ен извор од полицијата. Засега не се знае каква врска имал професорот со универзитетот во кој се случил инцидентот.

    По пукањето во кампусот на Универзитетот во Невада, во Лас Вегас, три лица се убиени, а едно е рането, додека напаѓачот е убиен од полицијата, јави Си-Ен-Ен.

    – Повреденото лице, кое било во критична состојба, е згрижено во болницата Санрајс и сега е во стабилна состојба, изјави шерифот на полицијата во Лас Вегас, Кевин Мекмахил.

    Во истата болница биле згрижени уште три лица за кои не е наведено како се повредени.

    На прес-конференција по инцидентот, шерифот Мекмахил рече дека идентитетот на напаѓачот, кој е мртов, нема да биде објавен додека не биде известено неговото семејство.

    Само годинава во САД имало 80 престрелки во училиштата, од кои 29 биле на универзитетски и колеџ кампуси.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img