Израелските власти соопштија дека три лица се ранети во вооружен напад врз неколку возила на главниот пат на окупираниот Западен Брег.
Израелската армија соопшти дека напаѓачот побегнал и дека е во тек потера.
Итната помош извести дека меѓу ранетите има и 13-годишно момче.
Тензиите се високи на Западниот Брег од почетокот на војната во Газа, а израелските сили влегуваат на територијата речиси секоја ноќ за да апсат осомничени екстремисти.
Во исто време се интензивираа вооружените напади на Палестинците.
Од почетокот на војната, Израел уапси околу 3.600 Палестинци на Западниот Брег, соопшти армијата.
Палестинското Министерство за здравство соопшти дека од 7 октомври, кога започна војната меѓу Израел и Хамас, загинале 454 Палестинци, а околу 4.700 се ранети на Западниот Брег и Источен Ерусалим.