Во експлозијата, која се случи доцна во понеделникот во центарот за податоци на Гугл во американската сојузна држава Ајова, повредени се три лица, јавуваат локалните медиуми.
Тројца електричари се здобиле со значителни изгореници, објавија полицијата и Google за порталот SFGATE.
Според податоците на компанијата, Google има 14 такви центри во САД и вкупно 23 во светот.