Три лица се повредени откако мал приватен авион се урна вчера околу пладне на покрив од куќа во Тексас, соопштија американските власти. Двокатната куќа врз која се урна авионот се наоѓа во Џорџтаун. Во куќата во моментот на несреќата немало никој, пренесува Sky News.
Сите три лица кои биле во авионот се повредени и пренесени во болница, но немаат повреди опасни по живот.
Противпожарната служба на Џорџтаун во вчерашната објава на Фејсбук соопшти дека Националниот одбор за безбедност на транспортот ќе започне истрага за несреќата.