Три лица се повредени кога денеска околу 15 часот автомобил марка „БМВ“ со струмички регистарски ознаки излетал од патот Струмица – Радовиш, кај селото Владевци.
Според информацијата од портаролката на СВР – Струмица, Александра Трајанова, при сообраќајката се повредени возачот на автомобилот и двајца негови сопатници, кои се пренесени во струмичката болница.
Трајанова додаде дека увидот на полицијата сѐ уште трае, а од 16 часот сообраќајот се одвива наизменично, откако претходно по несреќата тој беше во целосен прекин.