More

    Три лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во експлозија на автомобил во југозападниот дел на Москва

    spot_img

    Три лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во експлозија на автомобил во југозападниот дел на Москва, соопшти денеска московскиот оддел на Истражниот комитет на Русија и потврди дека е отворена истрага за обид за убиство.

    Жртвите се префрлени во градските здравствени установи, се наведува во соопштението на Истражниот комитет, пренесува агенцијата Интерфакс.

    Инспектори и криминолозите на Истражниот комитет, заедно со оперативните служби, вршат увид на местото на инцидентот и во наредниот период ќе се знае повеќе за видот на експлозивот и за здравствената состојба на повредените.

    Претходно локалните медиуми објавија дека рачно изработена направа поставена меѓу хаубата и шофершајбната на возило експлодирала на улицата „Профсојузнајска“, при што биле повредени три лица, меѓу кои и едно дете.

    Полицијата за агенцијата Интерфакс потврдила дека една од жртвите е Виктор Мишачев, бизнисмен кој е шеф или косопственик на десетици кафулиња и ресторани во Москва, Санкт Петербург, Татарстан, Свердловск и Новосибирск, пренесува Танјуг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img